Новогодишни и божикни празници во балканските земји

Од:

За Нова година и верскиот празник Божик од сите земји во балканскиот регион најмногу неработни денови ќе имаат жителите на Црна Гора каде за Нова година не се работи два дена, додека по три дена ќе празнуваат припадниците на католичка и православна вероисповед за Божик, додека жителите на останатите земји од регионот ќе имаат помалку неработни денови, јави агенцијата Анадолија.

Министерството за труд и социјална политика на Црна Гора соопшти дека за претстојните празници Нова година и верскиот празник Божик, неработни денови во земјата ќе бидат 1 и 2 јануари, како и 6,7 и 8 јануари 2015 година за припадниците на православната вероисповед.

– Врз основа на законот за државни и други празници, Нова година се празнува на 1 и 2 јануари. Исто така, врз основа на Законот за верски празници, верниците од православна вероисповед ќе имаат право на платено отсуство од работа на 6,7 и 8 јануари, соопшти Министерството за труд и социјална политика на Црна Гора. Освен тоа, за претстојниот католички Божик за вработените од римокатоличка вероисповед неработни денови се 24, 25 и 26 декември.

Неработни денови во Албанија ќе бидат 25 декември и 1 и 2 јануари, додека 6 и 7 јануари за припадниците од православна вероисповед.

Според податоците на Министерството за труд на Србија неработни денови во земјата ќе бидат 1 и 2 јануари за Нова година, како и 7 јануари за православен Божик, додека 25 декември е неработен само за католичките верници.

Жителите на Босна и Херцеговина нема да работат за 1 и 2 јануари. Според Законот за пранзици во Федерацијата БиХ, Нова година се слави на 1 и 2 јануари, додека за божикните празници 7 јануари и 25 декември ќе бидат неработни само за лицата што ги одбележуваат овие верски празници. Според законот за празници на Република Српска ќе имаат по два дена за католички, односно православен Божик лицата кои го одбележуваат празникот.

Населението на Косово по повод претстојните празници нема да работат на 1 и 2 јануари, како и 7 јануари и 25 декември за верниците од православна и католичка вероисповед.

Жителите на Македонија за време на претстојните празници ќе имаат четири неработни денови. Според законот за празници неработни денови се 1 јануари и 6 и 7 јануари за православен Божик за сите сите граѓани, а 25 декември е неработен за припадниците на католичка вероисповед.

За време на претстојните празници жителите на Хрватска ќе имаат на располагање четири неработни денови. Неработни денови се 1 јануари за Нова година, 25 и 26 декември за католички Божик и 6 јануари за празникот Богојавление.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он