Новите власти во Црна Гора го сменија шефот на Генералштабот на војската

Од:

Началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, Драгутин Дакиќ денеска е сменет од должноста и одлуката е испратена до претседателот на Советот за одбрана и безбедност и до шефот на државата Мило Ѓукановиќ на понатамошно постапување.

Одлуката за смена на Дакиќ е потпишана од претседателот на Парламентот Алекса Бечиќ и премиерот Здравко Кривокапиќ.

– Како член на Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора, заедно со претседателот на Владата ја потпишав Одлуката за разрешување од должноста на генерал-мајор Драгутин Дакиќ од началник на ГШ на Војската на Црна Гора, напиша Бечиќ на Твитер.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Украинските вооружени сили извршија напад во близина на нуклеарниот реактор во Запорожје