Новите црногорски власти нема да го повлечат признавањето на Косово

Од:

Црногорската „тројка“ – Здравко Кривокапиќ, Дритан Абазовиќ и Алекса Бечиќ потпишаа, како што беше оценето, историски договор за принципите на новата црногорска влада што ќе го наследи ДПС на Мило Ѓукановиќ. Договорот го потпишале вчера, а денеска на прес-конференција ги соопштија деталите.

Меѓу основните принципи на преамбулата на договорот, според медиумите, се: коалицијата останува посветена на членството на Црна Гора во НАТО и евроинтеграциите, Деполитизација на клучните институции поради бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата, грбот, знамето и химната нема да се променат и Нема повлекување на признавањето на Косово – тоа нема ни да се разгледува.

Исто така, новата црногорска власт се согласи да нема реванжизам кон припадниците на поранешната власт, дека сите закони ќе бидат донесени или ревидирани согласно европските стандарди, а малцинските партии ќе добијат понуда да учествуваат во владата.

– Со ова, ние покажавме одговорност за историскиот момент во кој се наоѓаме. Овој договор е исто така најдобар одговор на подметнувањата и е потврда дека новата демократска влада ќе биде проевропска, прозападна, помирувачка, подготвена да им служи само на граѓаните и на државата. Нема промени, само зајакнување на надворешно-политичката моќ на патот на Црна Гора. Да се ​​победи корупцијата и да се спроведат реформите. Ние ќе го почитуваме Уставот на Црна Гора и не станува збор за промена на симболите, изјави Бечиќ на прес конференцијата.

– Немаме намера да се враќаме во минатото, туку сакаме да гледаме во иднината. Подаваме рака за соработка на сите морални и стручни лица, без оглед за кого гласале, потенцираше тој.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време