Новиот министер за одбрана на Србија најави модернизирање на армијата

Од:

Новиот српски министер за одбрана Братислав Гашиќ денеска изјави дека наспроти сите мерки за консолидирање на финансиите и економијата на Србија и понатаму ќе продолжи модернизацијата на српската армија, јави Танјуг.

– Модернизацијата треба да продолжи првенствено бидејќи во Армијата има многу голем потенцијал во кадровски аспект, истакна Гашиќ.

Според него тоа е во рамките на рационализирањето на трошоците од сопствени средства на армијата да бидат подобрени одредени објекти со цел да се подобри квалитетот на животот на војниците и офицерите.

Во следниот период ќе водиме многу билатерални разговори, поврзани со меѓународната воена соработка со голем број пријатели во Европа и Светот, истакна тој.

Гашиќ најави и понатамошно учество на српските војници во мировните мисии, истакнувајќи дека тоа е целта, српската армија како една од најдобро организираните и најдобро опремените во кадровска смисла да биде вклучена колку што може повеќе во овие мисии.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија