Нови пожари избувнаа на неколку локации во Подгорица: Патот кон Никшиќ е затворен

Од:

Во Подгорица е тешко да се дише, а уште повеќе по најновите пожари што избувнаа на неколку локации вечерва, објавува Вијести.

Началникот на противпожарната служба на Подгорица, Никола Бојановиќ, изјави дека голем пожар е активен во Горна Горица, кој вечерва го затвори и главниот пат кон Никшиќ, а во меѓувреме, пожари избувнаа и во Кокоти, Смоковац, Кучи, Зета, Дахна…

Бојановиќ вели дека вечерва имаат ново жариште во Пипери, откако пожарот во Ѓурковиќи беше делумно ставен под контрола попладнето.

Пожарникарите вложуваат натчовечки напори во обидот да го изгаснат пожарот и се плашат што ќе донесе претстојната ноќ и нивниот сегашен најголем непријател – силниот ветар.

Пожарот што денес избувна во Чањ е под контрола, а неколку противпожарни екипи се дежурни на терен вечерва од превентивни причини, објави раководителот на службата за заштита и спасување во Бар, Ацо Вулевиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

(ВИДЕО) Полицијата ја опколи зградата каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски