Новата словенечка министерка ја повтори поддршката за влезот на Хрватска во Шенген

Од:

Новата словенечка министерка за надворешни работи Тања Фајон ја повтори поддршката за влезот на Хрватска во Шенген, како и заложбата за влез на земјите од Западен Балкан во Европската унија, откако ќе ги исполнат условите.

Во изјавата по преземањето на функцијата од поранешниот министер Анже Логар, Фајон рече дека се залага за проширување на Европската унија, но дека не смеат да се заборават земјите од Западен Балкан откако Украина, Грузија и Молдавија аплицираа за членство.

„Ќе направам се овие земји што поскоро да влезат во Европската унија“, изјави новата словенечка министерка за надворешни работи.

На прашањето дали го поддржува влезот на Хрватска во Шенген, таа рече дека го поддржува шенгенското проширување кон Хрватска, но и Бугарија и Романија, иако таа лично смета дека Шенген треба да се реформира пред проширувањето и дека довербата меѓу сегашните членки на Шенген е нарушена.

Фајон заедно со досегашниот министер Логар, по преземањето на должностите во Министерството, потврди дека Словенија ќе продолжи да и помага на Украина и нејзиното приближување кон Европската унија, но и за крајот на војната.

„Ќе дадам се од себе Словенија да даде активен придонес во напорите за ставање крај на војната во Украина“, рече Фајон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија