Нова жртва на Ковид-19 во Косово, вкупно деветмина починати

Од:

Маж на 69-годишна возраст од Сува Река е последната жртва на Ковид-19 во Косово, со што вкупната бројка на починати од епидемијата во земјата се зголеми на девет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста, во својот 24-часовен извештај, ја објави Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, наведувајќи дека лицето, кое било примено на лекување со симптоми на новиот коронавирус на 10 април, починало денеска во раните утрински часови.

Како и останатите осум жртви на епидемијата, и оваа страдала од други респираторни и кардиоваскуларни болести.

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови десет случаи, кои од вчерашните испитувања резултирале позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 387.

Вчера се евидентирани и тројца излекувани од Ковид-19, согласно методите пропишани од Светската здравствена организација, со што бројката на лица кои ја пребродиле заразата моментално изнесува 66.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица