Нова жртва на Ковид-19 во Косово, вкупно 12

Од:

Маж на 70-годишна возраст, по потекло од Урошевац, почина денеска на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово како последица од заразата од новиот коронавирус, со што бројот на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово достигна до 12, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на приштинската болница, мажот бил примен на Инфективно на 12 април во тешка здравствена состојба. Како и претходните починати, и тој страдал и од други пропратни болести.

Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 26 случаи на заболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени во земјата достигна до 449.

Вчера беа евидентирани и осуммина пациенти кои ја пребродиле болеста, така што официјално во Косово има 79 излекувани лица.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица