Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Од:

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора, соопшти Одделот за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија. Според информациите, во 6.11 часот е регистриран помал земјотрес со епицентар на 4 километри југозападно од градот Чараѓе во општина Никшиќ и на длабочина од 14 километри.

Јачината на овој земјотрес во фокусната точка била 3,6 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет на степени IV-V на Меркалиевата скала.

Во четвртокот наутро овој регион во Црна Гора беше погоден од земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, по што следеа серија последователни земјотреси со послаба јачина.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Повторно земјотреси во регионот на Берово и Делчево

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Македонија

Предраг Петровиќ

Подгорица оди на вонредни избори

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала