Нишлика простирала алишта, паднала од четвртиот кат и преживеала!

Од:

Јасмина Крстиќ (34) од Ниш, вчера паднала од четвртиот кат на зградата на Књажевачка улица додека простирала алишта.

Ги скршила двете нозе, карлицата и неколку ребра, но преживеала пад од околу 15 метри висина и е надвор од животна опасност.

Јасмина Крстиќ е самохрана мајка и со осумгодишната ќерка живее во станот со родителите.

Не бев дома кога сето тоа се случувало затоа што работам до 22 часот навечер. Мојот сопруг ми раскажа дека излегол да купи чоколадо за внуката во блиската продавница кога ја видел Јасмина како лежи откако паднала од балконот. Таа се качила на столица, кој беше разлабавена и попуштила под нејзината тежина и испаднала низ терасата – вели Милица Крстиќ, мајката на Јасмина.

Заменик-директорот на ортопедската клиника д-р Милош Станојловиќ вели Јасмина во моментов не е во животна опасност, но дека се здобила со сериозни повреди.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија