Николиќ: За Србија е неприфатлива „обединета албанска држава“

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека создавањето на обединета албанска држава на Балканот е неприфатливо за Србија, објави интернет изданието на тиранскиот весник „Шекули“.

– Верувам дека создавањето обединета албанска држава е нешто неприфатливо, не само за Србија, туку и за ЕУ, изјавил Николиќ одговарајќи на прашање за време на сесијата на Парламентарната асамблеа на Советот на Европа во Стразбург.

Како што јави дописникот на МИА, говорејќи за одосите Србија-Хрватска, Николиќ нагласил дека Белград е посветен на добри односи со Загреб и оти минатото треба да се остави настарана.

– Од минатото треба да се учи. Тоа не може да служи како проблем. Ние живееме денес и утре, рекол Николиќ.

Тој најавил и дека кон крајот на месецов хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ ќе престојува во Белград, при што изразил надеж дека оваа посета ќе биде можност за подобрување на односите меѓу двете земји, кои „влијаат не само врз односите меѓу земјите од поранешна Југославија, туку и од целиот Балкан“.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија