Николиќ: Србија не сака да поставува ултимативни барања

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денеска изјави дека на осмата рунда од дијалогот со Приштина во Брисел ќе присуствува у првиот потпретседател на Владата, Александар Вучиќ.

Николиќ посочи дека судовите и полицијата за Србите во Косово се минумумот што Белград го бара, додавајќи оти тоа не е лесно бидејќи треба да се одреди кој минимум барања треба да ги задоволи двете страни.

– Нашите претставници нема да одат под барањето граѓаните од заедницата на српски општини да одлучуваат за судството и полицијата и тоа без присуство на војската, наведе Николиќ.

Тој истакна дека Србија не сака да поставува ултимативни барања кои би значеле исполнување на Уставот и законите на Србија, но и да не прифаќа ултиматими.

Во меѓу време, колона автомобили со српски демонстранти од Косово, долга неколку километри, пристигнаa попладнево на српско-косовската граница и го блокираа граничниот пункт Јариње.

Косовските Срби изјавија дека целта на протестот е да им обрнат внимание на премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, кои утре во Брисел ќе преговараат за статусот на српските општини во Косово, дека нема да прифатат никакво решение кое ќе биде спротивно на српскиот Устав.

Во протестот учествуваат и претставници на општинските раководства на српските општини од Северно Косово, како и заменик директорот на српската владина канцеларија за Косово, Крстимир Пантиќ.

Засега протестот минува без инциденти, а над граничниот премин прелетуваат хеликоптери на Силите на НАТО (КФОР).

Србите од северниот дел на Косово не ги признаваат косовските институции и се сметаат за граѓани на Србија. Тие настојуваат во преговорите со Приштина, државниот врв на Србија да го почитува српскиот Устав и волјата на граѓаните во Северно Косово, изразена на референдум минатата година, на кој се изјаснија дека не ги прифаќаат институциите на Косово.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија