Николиќ: Србија е подготвена да посредува меѓу Грција и Македонија

Од:

Србија е подготвена да посредува во решавањето на отворените прашања меѓу Грција и Македонија, изјавил денеска во Солун српскиот претседател Томислав Николиќ.

На средбата со новинарите, сумирајќи ја посетата на Грција и разговорите со грчкиот државен врв, Николиќ истакнал дека ако има расположение и таква иницијатива, Белград може да посредува меѓу Атина и Скопје.

– Можете да замислите како би изгледало се ако сите соработуваме. Тоа би било потпорен столб на Балканот, а можеби и на цела Европа, изјавил Николиќ.

Тој, како што пренесува Танјуг, ја оценил српско-грчката соработка како одлична, без отворени прашања, посочувајќи оти Грција ја поддржува Србија на патот кон ЕУ, без никакви условувања.

– Очигледно дека Србија може да биде мост меѓу Истокот и Западот и Северот и Југот. Ние го обновивме и утврдивме тоа што Србите и Грците отсекогаш го имаат, а тоа е целосно разбирање и соработка, односи кои со ништо не се нарушени, безмалку се како една држава, изјавил српскиот претседател.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ при неодманешната посета на Македонија изрази подготвеност за посредување и во решавањето на проблемите меѓу Српската и Македонската православна црква.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции