Николиќ: Потврдени масовни злосторства над Србите

Од:

Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави денеска дека Хрватска не успеала да докаже геноцидни намери на српската страна во воените судири, а од друга страна, иако противтужбата на Србија не е усвоена, потврдено е дека Хрватска направила масовно злосторство кон Србите.

Николиќ во обраќањето до јавноста по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг за тужбата и противтужбата на Хрватска и Србија за геноцид рече дека тој суд пресудил дека Хрватска во својата тужба не успеала да докаже геноцидни намери на Србија.

– Иако противтужбата на Србија не е усвоена, МСП утврди дека хрватските власти биле свесни дека воeната акција „Бура“ ќе доведе до протерување на цивилното население. На овој начин, и од страна на највисоката правна институција на ОН потврдено е дека хрватските сили извршиле масовни злосторства врз Србите во Хрватска, рече Николиќ, пренесува Танјуг.

Тој оцени дека и покрај неправдата направен е охрабрувачки чекор.

– Искрено се надевам дека во времето кое е пред нас ќе има доволно храброст за Србија и Хрватска во добра вера заедно да ги решаваат сите проблеми кои го мачат регионот и кој ќе го воведеме во период на траен мир и просперитет, заклучи Николиќ.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор