Николиќ: Наместо паралелни – косовските институции ќе ги водат Срби

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјави дека со решавањето на резолуцијата од српскиот парламент за Косово и Метохија, т.н паралелни институции ќе престанат да постојат, а ќе настанат нови косовски, кои ќе ги водат Срби.

Николиќ истакна дека целта е Србија да добие датум за преговори со ЕУ, а не да се понижи и да се откаже од својот суверенитет.

-Доколку велат дека Србија го регулирала образованието, здравството и ако кажат дека има суд во Косовска Митровица и некои полициски сили на северот, тогаш со овој предлог српскате институцији ќе станат косовски и со нив ќе управуваат Срби – изјави Николиќ.

Тој истакна дека овој предлог мора да се реши преку уставот на Косово, но и на Србија.

-Се откажавме од тоа ние да го регулираме здравството во српската национална општина, доколку Србите можат сами да се организираат, но ние по Резолуцијата имаме право да помогнеме доколку нема доволно приходи или кадар. Практично е возможно да делуваме на таа територија, како да е под контрола на Белград, а не е – истакна тој.

На прашањето што значи изјавата на косовскиот премиер Хашим Тачи дека нема да го наметнува раководството на Косово, Николиќ изјави дека претпоставува со тоа сака да ја заборави Србија, дека има Срби и јужно од Ибар и дека еветуалното се влијае на политичките лидери на северот да почувствуваау себичност и да почнат да ги решаваат само своите проблеми.

Тој рече дека прв пат не се зборува за северна територија на која треба да се влезе со сила и да се осигурна безбедност, права и да се истераат српските „паралелни“ институции.

Тој порачна дека на него како претседател не е да ги решава проблемите поединечно, туку да се обиде да го реши целиот проблем со Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац