Николиќ: Имаме целосна поддршка од Русија

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денеска разговараше со својот колега од Русија, Владимир Путин кој уште еднаш даде потврда за целосната поддршка на руските официјални лица на Србија.

– Со претседателот Путин разговаравме за сите прашања. Ниту едно прашање не е отворено, сите се реализираат, некои побргу, некои поспоро, но ние имаме поддршка и согласност од Русија да ја завршиме работата која што ја започнавме. Тоа не се однесува само во преговорите со институциите од Приштина, туку и за реформите во општеството, изјави Николиќ.

Тој наведе дека со Путин разговарале и за односите на Србија и Русија.

– Очигледно е дека руската страна е заинтересирана Србија да успее, бидејќи Русија ни е голем парнер, додаде тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија