Николиќ: Хашкиот Трибунал го допре дното

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ оцени дека пресудата за Рамуш Харадинај нема врска со правдата и правото, и исто како и претходните одлуки на Трибуналот и оваа ќе го поттикне сепаратизмот, ќе ги отежне напорите за воспоставување мир во регионот и нормализација на односите на Белград и Приштина и ќе го зголеми евроскептицизмот кај Србите.

„За жал, стана реално очекувањето дека Хаг ќе го ослободи Харадинај која беше обвинет за убиста, сурово постапување, нехумано однесување, кршење на законите и обичаите на војување над албанските, српските и ромските цивили во логорот на ОВК во Јабланица во 1998. година„, стои во соопштението од претседателот на Србија.

Претедателот оценува дека најновата одлука на Хаг не е базирана на правото и правдата и на основните постулати на кои треба да биде втемелен меѓународниот суд, посебно што за убиствата на Србите сега испадна дека нема одговорен.

„Трибуналот по се судејќи основан надвор од меѓународното право, формиран е за да му се суди на српскиот народ. Со тоа се сака да се спостигнат зацртаните цели, кои во српската јасност и тоа како се познати“, наведува Николиќ.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога