Николиќ го одликуваше Путин

Од:

Претседателот на Србија Томислав Николиќ го одликуваше претседателот на Руската федерација Владимир Путин со Орден на Република Србија.

Путин е одликуван заради големите заслуги во развивањето и зацврстувањето на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу Република Србија и Руската федерација. Претседателот на Србија одликуваше и претседатели на многу поранешни советски републики. Со Орденот на Република Србија се одлукувани претседателот на Ерменија Серж Сакасијан, претседателот на Азербејџан Илхам Алијев, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, Михаил Сакашвили претседател на Грузија како и претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбајев.

Со овој орден Николиќ ги одликуваше претседателите на Киргизија Алмазбек Атамбајев, претседателот на Молдавија Николај Тимофтија, како и претседателите на Тирџикистан и Туркменистан Емомалиј Рахамон и Гурбангулиј Бардимухамедов.

Со орен од Република Србија се одликувани и претседателот на Украина Виктор Јанукович, претседателот на Узбекистан Ислам Каримов, како и поранешниот министер за надворешни работи на Шпанија Мигел Анхеч Моратинос Кујаубе.

Со златна медаља за заслуги во јавните културни дејности се одликувани и италијанскиот новинар Фулвио Грималди и германскиот театарски и филмски глумец Ролф Бекер.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ