Николиќ: Германија постави тешки услови за членство на Србија во ЕУ

Од:

Долниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот, постави тешки услови кои Србија би требало да ги исоплни за да стане членка на ЕУ, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за Хрватската радиотелевизија.

Според Николиќ, барањата што ги поставил Бундестагот се базираат на фактот дека Германија ја признава независноста на Косово и сака односите меѓу Белград и Приштина да се развиваат како односи меѓу две независни држави.

– Меѓутоа, Србија не ја призна. Постојат услови кои (Белград) не може да ги исполни, освен доколку не се случи нешто што би овозможило Србија и таа т.н. држава Косово еден ден да бидат две држави. Во овие услови, при ваков однос на силите, тоа е аполутно невозможно, изјави Николиќ.

Тој натаму во интервјуто нагласи дека сериозно ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел со цел да види дали зад условите на Бундестогат всушност се крие барање Србија да ја признае наезвисноста на Косово.

– ЕУ како организација во секој свој извештај и во разговорите со нас истакнува дека тие не се машаат во тоа, дека се статусно неутрални и дека не бараат да ја признаеме независноста на Косово, потенцира Николиќ во интервјуто за ХРТ дадено за време на неговата посета на Загреб, на прославата по повод приемот на Хрватска во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија