Николај Денков: Се подготвуваме да пречекаме до 100.000 деца и млади од Украина

Од:

До крајот на минатата недела имавме околу 11.300 деца и млади од Украина, но овие луѓе се уште не одлучиле дали ќе останат во Бугарија или ќе продолжат во странство. Ова во Пловдив го изјави министерот за образование на Бугарија, Николај Денков.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Тој појасни дека би можеле да вклучиме околу 20.000 во нашиот образовен систем без многу промени во организацијата, но се подготвуваме и за опција до 100.000 млади луѓе и деца, доколку дојде до некоја поекстремна ситуација.

Според Денков, бројот на млади и деца зависи од тоа колку ќе трае војната, бидејќи речиси сите бегалци се решени да се вратат. Доколку воените настани траат подолго, природно е да има луѓе кои ќе бараат реализација во Бугарија и токму тие ќе се пријават за образование на своите деца, додаде министерот. Тој најави дека веќе има училишта во Софија и Варна кои организираат неделна настава за бегалците да учат бугарски јазик. Оние кои ќе влезат во нашиот училишен систем ќе имаат и часови по бугарски јазик за странци, за што се обезбедени финансиски средства, додаде Денков.

Нашиот преглед покажува дека ако повеќе од 20.000 украински деца сакаат да учат, ќе мора да создадеме дополнителна организација, додаде министерот за образование. Треба да се истакне, додаде, дека се подготвуваат документи за добивање средства од Европската унија за некои активности по принципот сега треба да користиме средства од буџетот, но тие да бидат рефундирани од Европскиот заеднички фонд за бегалци.

Николај Денков отвори СТЕМ центар во Стручното училиште за прехранбени технологии и техники (ПГХТТ) во Пловдив. На отворањето присуствуваше и заменик градоначалникот за „Образование, развој на бизнис и европски политики“ на општина Пловдив Стефан Стојанов.

Според директорката на гимназијата Људмила Ганчева, центарот е интегриран сет од седум специјално опремени училници. Во нив се одржуваат интегрирани часови, кои се мултидисциплинарни и трансдисциплинарни, во кои учениците стекнуваат знаења и формираат вештини врз основа на дијалогот на две или повеќе дисциплини, рече Ганчева. Проектот за изградба и опремување на училниците е вреден 300.000 лева, а училиштето е кофинансирано со 40.000 лева.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва