Незадоволен од резултатите од изборите во Босна, со стол и скршил глава на сопругата и ја нокаутирал ќерка си со тупаница

Од:

Судот во Сплит осуди на еден месец затвор 56-годишен морнар, кој во неделата, нервозен од резултатите од изборите во Босна и Херцеговина, ја удрил сопругата со стол во главата и ја удрил ќерка си.

Според неофицијални информации до кои дојде Слободна Далмација, Сплитчанецот во алкохолизирана состојба ја следел програмата од изборната ноќ во Босна и Херцеговина.

Како што пишуваат тамошните медиуми, тој бил изнервиран од српско-бошњачкото потекло на жената и почнал да ја навредува и да ја нарекува со погрдни имиња. Насилникот ја зел перницата и почнал да ја удира. Потоа со своите 110 килограми легнал врз неа, и ставил перница на главата.

На жената и ја скршил главата со стол

Тогаш нивната возрасна ќерка излегла од собата и му викала на својот татко да ја пушти мајка и да си оди. Според полицискиот извештај, ова и го спасило животот на жената бидејќи сопругот можел да ја задуши. Насилникот потоа тргнал кон ќерката, мајката застанала меѓу нив, а тој изгубил рамнотежа и паднал.

Би можело да ве интересира

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Струмичанец ја нападнал вонбрачната партнерка и нејзиното дете

Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Маж од Тетово им се заканувал на малолетната ќерка и на поранешната сопруга

Жена од Скопје со тврд предмет го тепала внукот

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски