Тројца насилници од тераса турнале познаник

Од:

Тројца жители на кривопаланечкото село Конопница вчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот А.С. од истото село, при што тој се здобил со повреди.

Од Секторот за внатрешни работи во Куманово информираат дека настанот се случил вчеравечер, 35 минути пред полноќ.

– На 20 април 2025 во 23 часот и 25 минути полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода дваесет и шестгодишните Ј.А. и Н.К. како и Е.А., дваесет и петгодишен, сите од село Конопница, кривопаланечко. Лицата се лишени од слобода затоа што во Крива Паланка физички го нападнале и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот жител на истото село А.С. кој се здобил со повреди, изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Насилниците се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички