Невреме во Србија и во Косово

Од:

Во неколку општини во Србија денеска е воведена вонредна состојба поради невремето. Во Костолац поројните дождови ја загрозуваат работата на термоелектраната, а во Вршац поплавени се улиците.

Хидрометеоролшкиот завод на србија и за попладнево најави поројни дождови и град како и оркански ветер. Особено предупредување е упатено за југот на Банат, во Шумадија, Поморавје, и во источна и југоисточна Србија.

Во Пожаревац поради невремето е прогласена вонредна состојба. Невремето исто така го погоди и Нови Пазар.Во општината Медвеѓа над сто домаќинства поради целосно оштетување на патишатата се отсечени од општината.

Во реонот на Ниш во следните 12 часа се очекуваат локални непогоди со интензитет да може да предизвика голема материјална штета и да биде опасно по безбедноста на луѓето, предупреди денеска градоначалникот на Ниш Зоран Перишиќ.

Големо невреме денеска го зафати и Косово, особено општината Гњилане, каде имаше големи проблеми во функционирањето на сообраќајот, а најмногу штета претрпеа земјоделските насади.

Попладнево пороен дожд по улиците на Гњилане создаде вистински реки поради што возилата и пешаците беа целосно оневозможени да се движат по улиците.

Спорд косовски медиуми, и во Приштина и во неколку други општини во Косово, поради поројните дождови и град предизвикани се поплави и нанесена е значителна материјална штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне