Невреме во Словенија: Поплавени се патишта, куќи, училишта и градинки

Од:

Обилен дожд наврна во текот на изминатата ноќ во Словенија. Падна толку многу што словенечката агенција за животна средина Арсо издаде црвено предупредување.

Поради огромното количество дожд на северозападот на Словенија затворени се неколку патишта. Проблемот се наслаги од кал и земја. Шефот на Штабот за цивилна заштита на Толмин, Миха Венчељ им порача на граѓаните да не одат на пат.

Според податоците на Управата за заштита и спасување на Република Словенија, денешните обилни врнежи од дожд и ветер предизвикале многу проблеми. Најмногу повици имало во Нова Горица, Крањ, Љубљана, Целје и Словењ Градец.

Реките се надојдени, има порои, поплавени се згради и патишта, а поради огромното количество вода има и одрони. Поплавени се повеќе градинки и училишта во областа Савињска долина, Камник и Толмин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг