Невработеноста во Хрватска во август на најниско ниво во последните две години

Од:

Во Хрватска во август е регистриран пад на стапката на невработеност на 17,5 отсто во спортедба со јули кога изнесувала 17,8 проценти.

Невработеноста во август е најниско ниво од јули 2012 година, покажуваат податоците на хрватскиот Државен завод за статистика.

Во споредба со август минатата година, стапката на навработеност е помала за 0,9 отсто.

Тоа е шести месец по ред како стапката на невработеност на месечно ниво се намалува, што се должи на сезонските вработувања, пред се во туристичкиот сектор.

Во август се регистрирани 289.889 невработени лица, што е 2,1 проценти помалку во споредба со јули, а 7,6 отсто помалку во споредба со август минатата година.

Би можело да ве интересира

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Гори над Дубровник: Пожарот се шири со молскавична брзина

Маж и жена се убиени во Славонски Брод

Горан Наумовски

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски

Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник