Несреќа во Сараево: Трамвај излезе од шините, загина едно лице, четворица се повредени

Од:

Страшна сообраќајна несреќа се случи денес во Сараево кога трамвај „излета“ од шините, при што загина едно лице.

Трамвајот, кој се движеше од Железничката станица кон Башчаршија, излета од шините на раскрсницата во близина на Националниот музеј и Амбасадата на САД и заврши на патот.

Според првите официјални информации од Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон, едно лице загина, а четворица се повредени.

„Во несреќа со трамвај во центарот на градот загина едно лице. Според моменталните податоци, повредени се четири лица. Известен е обвинителот“, потврди портпаролката на Министерството за внатрешни работи Мерсиха Новалиќ.

Голем број полицајци и пожарникари се на местото на настанот, а амбулантни возила во неколку возила ги однеле повредените во болница.

Би можело да ве интересира

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Убиство во Сараево – уапсен малолетник осомничен за помагање, убиецот е во бегство

А1он

ВИДЕО: Пожарот кај Требевиќ достигна опасни размери

Три земјотреси ја погодија околината на Сараево за само два часа

Пукање среде Башчаршија, полицијата блокираше сè

Брат му го уби со лопата, а мајка си ја обезглави – уапсен е 43 годишник во Сараево

А1он