Непознати детали од менито на Тито

Од:

Иако во својата книга „Како ја зготвив историјата“, Милован Стојановиќ кој 24 години работел како готвач на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, зборува за деновите поминати со него, тој се уште открива детали кои ја интересираат јавноста.

-Колку што знам никој не ме контролираше. Менито го добивав од денес за утре и тоа строго го почитував. Го почитував и ставот на Тито кога се работеше за храна. Никогаш на лекарот, ниту на некој друг не му открив дека тој јадеше кајгана со жолчка и џимиринки, што му беше забрането- изјави Стојановиќ во своето последно интервју обајвено во „Политика“ и додаде дека тоа било нивна тајна поради која е горд.

Лекарот му рекол дека поради операција на жолчката, Тито не смее да јаде цело јајце туку само белка. Но, еден ден претседателот ја донел својата чинија во кујната каде што работел Стојановиќ и барал објаснување.

-Ова нека го јаде лекарот, а ти мене направи ми кајгана и тоа со џимиринки- вели готвачот на Тито.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

A1on

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Северна Македонија