НЕНАД ЧАНАК: „Убиј ја стоката белградска“

Од:

Лидерот на Лигата на Социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак, со телохранителите на паркинг го сочекал Павле Лешановиќ и брутално го претепале.

„Убиј ја стоката белградска, не може тој во мојот Нови Сад, така да се однесува“ – рекол Чанак додека мавал со неговиот бастун.

Нападот се случил околу 2 часот по полноќ прад кафаната „Така е судено“ на Данило Икодиновиќ, поранечниот ватерполист и сопруг на пејачката Наташа Беквалац. Претходно двајцата учесници во тепачката, седеле заедно на иста маса во кафаната.

Ненад Чанак сето ова го демантира. Кажал дека воопшто не го тепал Лешановиќ, туку напротив тој сам паднал.

„Како што е познато немам ни обезбедување ни телохранители. Пробав да разговарам со него, но беше невозможно, а притоа и сам падна“ – изјавил Чанак и рекол дека Лешановиќ бил во алкохолизирана состојба.

„Не знам ни кој е, ни од каде е, никогаш не би ми паднало на памет да зборувам такви работи, како што се измислуваат“ – рече Чанак кој на својот Твитер профил објавил – „никого не сум допрел“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне