Нема договор помеѓу Албанците и ОБСЕ околу споменикот

Од:

На средбата на лидерите на албанските партии од југот на Србија со претставникот на мисијата на ОБСЕ која се одржа денеска во Прешево, не дојде до промена на ставот околу споменикот на паднатите припадници на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓе (ОВПБМ), чие отстранување го бараат српските власти.

Заменик претседателот на општината Прешево Скендер Дестани изјави по средбата дека засега нема некое придвижување околу барањето на српската влада споменикот да биде отстранет или преместен од центарот на Прешево, каде општинските власти го поставија во ноември минатата година.

– Во Прешево е мирно како и секој ден, нема никакви проблеми, изјави Дестани.

Претседателот на општина Прешево, Рагми Мустафа изјави по состанокот дека средбата ќе продолжи утре, како и дека не се точни наводите на некои медиуми дека во Прешево пристигнале засилени полициски единици на жандармеријата.

На состанокот во Прешево, каде што се разговараше за контроверзниот споменик, присуствуваа и претставници на ветераните на ОВПБМ и родителите на загинатите припадници на ОВПБМ.

Српските власти за време на конфликтот на ОВПБМ со српските здружени безбедносни сили во областа на Бујановац, Прешево и Медвеѓе во текот на 2000-та и 2001-та година. Организацијата ја прогласија за терористичка.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија