Неизвесна иднина на српската владина коaлиција

Од:

Близок соработник на српскиот премиер Ивица Дачиќ ги обвини партнерите во владината коалиција дека започнале медиумска кампања против првиот човек на Владата на Србија.

Ваквите обвинувања следат откако весникот „Информер“ и влијателната телевизија Б92 објавија податоци од тајни полициски извештаи за наводни средби на Дачиќ со нарко-босот Родољуб Радуловиќ во 2008 година, кога актулениот премиер беше министер за внатрешни работи.

Според „Информер“, соработници на Дачиќ не негираат дека тој се сретнал со Радуловиќ, но тврдат дека тој тогаш не занел оти неговиот соговорник е поврзан со шверц со наркотици.

Б92 пак јави дека полцијата поседува 130 дискови со матреријали од истрагата кои ги потврдуваат врските на Дачиќ и негови соработници со Радуловиќ, но и со наркобосот Дарко Шариќ.

Радуловиќ и Шариќ, кои се наоѓаат во бегство, се обвинети за поврзаност со запленетите два тони кокаин во 2009 година, кои биле прошверцувани од Јужна Америка во Шпанија.

Како што јави БТА, член на раководството на Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Дачиќ во изјава за Ројтерс оценил дека пласирањето на ваквите информации во медиумите го иницирала најголемата партија во владината коалиција – Српската напредна партија (СНС), со цел да го дискредитира премиерот.

Ваквите обвинувања од редовите на социјалисти дополнително ги засилија шпекулациите дека СНС, која според анкетите на јавното мислење е најпопуларна партија во Србија, има намера да ја урне сегашната Влада и да испорвоцира предвремени парламентарни избори на кои дополнително би ја зацврстила својата позиција.

Извори во СПС потврдуваат дека партиското раковоставо смета дека СНС на актуелниот прв вице-премиер и министер за одбрана Александар Вучиќ сака предвремени избори во текот на оваа година и затоа е започната кампањата против Дачиќ

– Вучиќ и неговите сојузници сакаат да не оцрнат нас и Дачиќ и затоа не можеме да молчиме. Не и овој пат. Дали ќе се распадне Владата треба да решат Дачиќ и Вучиќ, изјавил изворот во СПС, кој побарал анономност.

СНС засега одбива да ги коментира обвинувањата на социјалистите, но најави дека на почетокот на идната недела партското реководство ќе ги одреди следните чекори.

– Наша главна цел е да обезбедиме датум за отпочнување преговори за членство во ЕУ, што очекуваме да се случи во март, изјавил претставник на СНС, додавајќи дека дури потоа ќе се размислува за евентуални избори.

Во врска со најавите за распад на коалицијата и одржувањето предвремени избори денеска се огласи и самиот Дачиќ, кој изјави дека нема никакви причини за избори, бидејќи Владата е стабилна и единствена во остварувањето на нејзините цели.

– Нападите врз Владата последниве денови се со цел да се дискредитира Кабинетот и да се остварат нечии лични интереси, изјави Дачиќ во седиштето на неговата СПС, каде вечерва се одржува седница на партиското Претседателство посветена на „актуелната политичка состојба“ во земјата.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ