Недимовиќ: Африканска чума на четири свињарски фарми во Србија

Од:

Српскиот министер за земјоделие Бранислав Недимовиќ денеска потврди дека на територијата на земјата има случаи на Африканска чума кај свињите, пренесе државната телевизија РТС.

Според него, чумата е утврдена на четири фарми во селата Рабровац, Велика Крсна и Кусатак.

Во радиус од три километри од овие фарми прогласена е заразена територја, информира министерот, подвлекувајќи дека станува збор за одделни случаи, а не за епидемија.

-Денеска го потпишав решението со кое се утврдува поделбата на територијата на региони од кои е можен извоз на свинско и на региони од кои е забранет. Извозот на месо од заразените територии не е можен. Се спроведува мониторинг и по докажување за елиминирање на болеста од таму ќе може да се извезува, изјави министерот Недимовиќ.

Светската организација за здравје на животните, со седиште во Париз, претходно соопшти за четири можни жаришта на африканската чума на Балканот. Три жаришта, како што беше забележано на вебсајтот на организацијата, беа регистрирани во регионот на Белград и еден во Подунавскиот округ.

Како резултат на чумата досега угинале седум свињи, а уште 114 се превантивно уништени.

Претодно, како дел од борбата против ширењето на чумата во Хрватска беше донесена одлука за уништување на 40.000 диви свињи.

Ветеринарната служба на Босна и Херцеговина забрани увоз на свинско месо од Србија.

Африканската чума за првпат била регистрирана во 1903 година во Јужна Африка. Вирусот не претставува закана за луѓето, но е исклучително опасен за дивината и домашните свињи и прасиња. Заболувањето брзо се шири меѓу животните и предизвикува сериозни штети на земјоделието.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он