Не било пукано со огнено оружје кон авионот на „Кроација ерлајнс“

Од:

Оштетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета во Сараево не настанало од огнено оружје, како што првично се шпекулираше, туку е предизвикано од механички удар.

„По истрагата, според прелиминарните наоди на експертите, нема индиции што би укажале на заклучокот дека штетата на леталото е предизвикана од огнено оружје“, се вели во соопштението на Обвинителството на БиХ.

Според истиот извор по анализи на лице место, утврдено е дека на трупот на авионот нема траги од барутни честички или други траги кои би укажале дека штетата е предизвикана од употреба на огнено оружје.

„Според експертите, штетата е предизвикана од механички удар“, се вели во соопштението на Обвинителството на БиХ.

Авион на „Кроација ерлајнс“, кој синоќа летал на релација Загреб-Сараево, откриено е дека бил оштетен во првото соопштение на Обвинителството на БиХ, беше наведено дека „постои можност да е нанесено со куршум од огнено оружје“.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин