НАТО: КФОР е целосно подготвен да интервенира доколку се загрози стабилноста и слободата на движење на Косово

Од:

НАТО денеска потсети на пораката на командантот на КФОР, генерал Анџело Микел Ристуче дека „силите на КФОР внимателно ја следат ситуацијата на теренот на Косово и се целосно подготвени да интервенираат доколку стабилноста, безбедноста и слободата на движење бидат загрозени.

КФОР тоа ќе го стори во согласност со мандатот на ОН, истакна прес-службата на НАТО, на барање на агенцијата Бета за коментар за влошувањето на ситуацијата во и околу Косово, бидејќи српската армија од вчера ја зголеми својата борбена готовност и затоа што е уништено едно од беспилотните летала што биле испратени од Косово во зоната каде што се распоредени српските воени сили.

Командантот на КФОР, како што се наведува во одговорот на НАТО, укажал на „важноста на предизвиците со кои се соочува КФОР“ и подвлече дека „дезинформациите, едностраните потези и обвинувањата претставуваат опасност за стабилноста на Косово и во регионот“.

„Генералот Ристуче презентираше дека КФОР е целосно фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат, врз основа на резолуциите 1244 и 1999 година на Советот за безбедност на ОН, со цел да се гарантира заштитата и безбедноста на слободата на движење за сите заедници кои живеат во Косово“, се нагласува во одговорот на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје