Наместо реформи да се укине Федерацијата БиХ, сметаат хрватските партии во БиХ

Од:

Наместо расправа за тоа како да се реформира Федерацијата Босна и Херцеговина, подобро би било да се укине тој ентитет, изјави претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ.

– Подготвени сме на реорганизација на Федерацијата БиХ, но тој процес мора да обезбеди и нејзино функциорање, но и елементи на уставна рамноправност. Еден од начините, но не и услов, е укинување на Федерацијата, рече тој за „Дневни аваз“.

Човиќ тоа го изјави по повод предлогот за реформа на Федерацијата, кој го изработи стручен тим под покровителство на американската Амбасада во БиХ.

ХДЗ БиХ смета дека наместо трансформација подобро е да се разговара за расформирање на Федерацијата БиХ, која заедно со Република Српска ја сочинуваат БиХ и да се замени со мултиетнички кантони или региони, односно заедници на општини.

И претседателот на другата хрвтска партија во БиХ, ХДЗ 1990, Мартин Рагуж оцени дека Федерацијата со своето сегашно устројство всушност генерира криза, која потоа се пренесува на државно ниво.

– Рационализацијата на федералните структури е она што е реално и тоа никој не треба да го доведува во прашање, рече Рагуж, додавајќи дека треба да се процени дали е подобро да се пристапи кон укинување на Федерацијата или кон зголемување на кантоните.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина