Според податоците на Министерството за здравство на Словенија, изминатото деноноќие се направи нови 1.232 тестирања, со кои се потврдени 28 случаи на новозаразени со коронавирусот и ова претставува намалување на бројот на инфицирани во споредба со минатите денови.
Во овој момент поради Ковид-19 хоспитализирани се 94 лица, а на одделенијата за интензивно лекување се наоѓаат 37 пациенти.
Во изминатите 24 часа, од болница се отпуштени 11 пациенти, а пет починале како последица од Ковид-19.