Најмалку две недели полициски час во Федерацијата БиХ

Од:

Членот на федералниот Кризен штаб, Горан Черкез потврди дека епидемиолошките мерки што се во сила во тој ентитет во Федерацијата БиХ се продолжени за уште 14 дена – покрај задолжителното носење маски и ограничен број луѓе на митинзите, вклучува и полициски час од 23 до 5 часот наутро.

Черкез, кој е исто така помошник министер за здравство на БиХ, за сараевски „Аваз“ рече дека истите мерки ќе бидат продолжени за време на новогодишните и божиќните празници.

– Заклучивме дека мерките сега ќе бидат продолжени во следните 14 дена, односно до 24 декември. Во меѓувреме, ќе имаме уште еден состанок на кој ќе разговараме за новогодишните и божиќните празници. Сепак, многу е веројатно дека ќе ги продолжиме истите мерки и по Нова година, рече Черкез.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина