Најмалку 22 мигранти, меѓу кои 13 деца се удавија во две несреќи покрај грчките острови

Од:

Најмалку 22 мигранти, вклучувајќи 13 деца, се удавиле синоќа во Егејското Море покрај грчките острови Калимнос и Родос во два нови инцидента со бродови, кои отпловиле од турскиот брег.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека се спасени 144 бегалци.

Изутринава покрај островот Калимнос се пронајдени телата на 19 мигранти, меѓу кои шест жени, осум деца и две бебиња.

Според првичните информации на бродот, кој се превртел имало околу 150 лица. Спасени се 138 лица, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по евентуално исчезнати лица.

Во друг инцидент со чамец покрај островот Родос се удавиле една жена, едно дете и едно бебе, а по три лица се уште се трага. Шест лица се спасени.

Истовремено околу шест илјади нови бегалци биле донесени денеска на пристаништето Пиреја од островот Лезбос.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија