Најмалку 17 лица се водат како исчезнати откако чамец, со кој се превезувале мигранти, потонал во Егејското Море меѓу Турција и Грција.
Грчкото Министерство за трговска морнарица соопшти дека со заеднички напори на грчки и турски спасувачки екипи биле спасени 16 луѓе. Во чамецот, кој потонал меѓу грчките острови Фармагониси и Агатониси, се наоѓале меѓу 33 и 37 мигранти, чија националност не е позната.
– Спасувачката операција продолжува. Во потрага сме по меѓу 17 и 21 лице, изјави портпарол на грчкото Министерство.