Надојдените води од Србија претставуваат голема опасност за Романија

Од:

Надојдените води кои доаѓаат од Србија претставуваат голема опасност, изјави денеска романскиот премиер Виктор Понта.

Тој на денешната седница на командата на вондредни ситуации изјави дека романските институции се подготвени да ги исполнат своите задолженија.

Понта истакна и дека вицепремиерот Ливиу Драгња ќе оди во градот Крајова, каде ќе биде организирана регионална команда за координација на неопходните мерки во јужните окрузи, кои се во опасност од надојдените води на Дунав.

Романските власти прогласија портокалова тревога за опасност од поплави од Дунав. Тревогата е во сила до 26 мај.

Според Драгња нема опасност од излевање на реката преку заштитните насипи и нема да се нареди евакуација на населението.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ