Над половина милион Срби веќе примија вакцина против Ковид-19

Од:

Србија сè уште е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија. Досега повеќе од половина милион луѓе се вакцинирани против коронавирус во Србија, точно 513.652.

Според бројот на вакцинации на милион жители само Велика Британија е подобра од Србија ,а потоа се Малта, Данска, Исланд, Ирска, Романија, Словенија, Литванија, Швајцарија, Шпанија, Италија.

Кога станува збор за регионот, Србија е убедливо прва по бројот на вакцинации на милион жители. Следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.

Според вкупниот број вакцинирања, Србија е втора во регионот, по Романија, а зад Србија се Унгарија, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Како што објави Алијансата за вакцини Гави, Србија во првата половина на 2021 година од Ковакс механизмот треба да добие 345.600 дози на вакцината на Астра Зенека против Ковид 19.

Би можело да ве интересира

„Кракен“ откриен и во Србија

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи

Во Србија расте бројот на ковид пациентите во болниците

Србија ги укина сите рестриктивни мерки, нема веќе ограничувања за влез во Хрватска

Катерина Ѓуровски