Над 5.000 бегалци на Идомени чекаат да влезат во Македонија

Од:

 Продолжува бранот бегалци кон неутралната зона меѓу Грција и Македнонија во реонот на граничниот премин Идомени, откаде во последните 24 часа поминале две илјади лица, соопшти грчката полиција.

Во исто време во кампот за привремен престој на граничниот премин Идомени чекаат 1.900 бегалци, кои се сместени во шатори и во автобуси, а други 3.400 бегалци се пред бензиската пумпа во регионот, откако биле довезени со 69 автобуси.

Грчката полиција претпоставува дека во следните 24 часа ќе се зголеми бројот на бегалци на граничниот премин Идомени, откако ќе заврши штрајкот на грчките морнари.
Поради штрајкот на морнарите во последните два дена не се превезуваа бегалците. 

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто