Над 4.000 лица во Косово во самоизолација поради контакти со болни од Ковид-19

Од:

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека во континуитет ги контактира и ги надгледува лицата кои биле во контакт со заразени од новиот коронавирус, на кои им е наложена самоизолација и се обврзуваат да побараат лекарска помош доколку им се појават симптоми, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на ИШПК, заклучно со вчерашниот ден се контактiрани и се ставени под надзор вкупно 4.237 случаи на контакти со болни од Ковид-19.

Од 8 февруари до 11 април годинава во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на Институтот се тестирани вкупно 3.006 примероци на лица за кои постоело сомнeавaње дека се заразени од новиот вирус. Со позитивни наоди резултирале 283 лица, а регистрирани се и седум смртни случаи како жртви на епидемијата. Како излекувани во истиот период се евидентирани 58 лица.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица