Турција денеска беше погодена од повеќе од 20 земјотреси, од кои најсилните беа со јачина од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала во градот Токат во областа Сулусарај.
Во Токат посилен земјотрес е забележан во 01.06 часот по локално време на длабочина од 9.97 километри, а уште еден во 02.35 часот на длабочина од 7 километри, соопшти турската служба за управување со катастрофи и вонредни состојби АФАД.
Гувернерот на Токат Нуман Хатипоглу изјави дека засега нема извештаи за каква било несреќа, а противпожарната служба, полицијата и другите институции продолжуваат со истрагата на терен, пренесува турската агенција Анадолу.
На веб-страницата на АФАД е наведено дека градот Кахраманмарас во 08.08 часот по локално време бил погоден од земјотрес со јачина од 2,8 степени на длабочина од 7 километри.
Градот Сивас во областа Гурун беше погоден од земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала во 07:46 часот по локално време, а длабочината беше измерена на 10,56 километри.