На сила стапи механизмот за враќање на визниот режим

Од:

Од денеска стапи на сила механизмот за можно враќање на визниот режим на шест месеци, за државите од кои доаѓаат лажни азиланти.

Претходно земјите членки на ЕУ изразија загриженост поради приливот на „лажни азиланти“ или државјани на земјите од Западен Балкан кои и на други начини се обидоа да ја злоупотребат можноста без виза три месеци да престојуваат во Шенген зоната во ЕУ.

Властите во Белгија пред три дена објавија дека вкупниот број на лица кои бараат азил од земјите кои не се членки во ЕУ во 2014 година се намалил за една четвртина. Младите Европски Федералисти од земјите на Западен Балкан жестоко се противат на воведувањето на механизмот преку кој ЕУ членките ќе бидат во можност да го укинат безвизниот режим за Балканските земји. Овој механизам беше усвоен од Европскиот Парламент на 12. септември 2013 и стапува на сила на 9-ти јануари 2014.

Според „заштитната одредба“, механизмот за итно враќање на визите може да биде применет на барање на членка на ЕУ.

Од државите од Унијата засега нема посебно барање тоа да се направи.

Привременото укинување на безвизниот режим може да биде применето како последна мерка и во случај на нагло зголемување на бројот на „лажни азиланти“, нерегулирани влегувања во држави од ЕУ или масовно одбивање на барања на ЕУ за реадмисија, односно враќање на лица кои го кршат безвизниот режим.

Според Брисел, ЕК постојано ја следи ситуацијата која засега е непроменета. Единствено во Германија е регистриран зголемен број на „лажни азиланти“ поради одлука на Врховниот суд за враќање на претходниот систем за финансиски и други привилегии за лица кои бараат азил кои во таа држава може да останат шест месеци.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот