На Хашим Тачи и Кадри Весељи им е продолжен притворот во Хаг

Од:

Специјалниот суд во Хаг денеска одлучи да им го продолжи притворот на лидерите на поранешната ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели бидејќи, како што се наведува, постои доволен ризик двајцата да го попречат текот на процесот и да „направат други злосторства“.

„Судскиот совет утврди дека овие ризици можат доволно да се намалат само со примена на рамката за следење на комуникацијата што се користи во притворот на Специјализираните комори“, изјави Ангела Грип, раководител на информации на Специјализираните комори на Косово во Хаг, пренесува Репортери.

Таа додаде дека рочиштата во оваа судска постапка ќе продолжат на 28 август.

Тачи, Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во 42 незаконски притвори на ОВК во Косово и Албанија над најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 се убиени.

Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето.

Би можело да ве интересира

Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на Тачи и Весели

Горан Наумовски

Тачи: Случајот „Жолта куќа“ никогаш не постоел

Горан Наумовски

Хашко обвинителство: Тачи, Весели, Красниќи и Селими одговорни за најмалку 102 убиства

Горан Наумовски

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хаг за прв пат ги објави имињата на жртвите на Тачи

Горан Наумовски

АБЦ њуз: Рама ја почна битката за спас на Хашим Тачи, Албанија ќе носи резолуција против извештајот на Марти