Тачи: Случајот „Жолта куќа“ никогаш не постоел

Од:

Во продолжение на судскиот процес за бранителите, на судскиот совет на Специјализираниот совет во Хаг се обрати првообвинетиот Хашим Тачи, кој изјави дека верува оти судот ќе го ослободи од обвиненијата на крајот од оваа процес.

„Кога се појави извештајот на Дик Марти пред 13 години и драматичните наводи дека јас и ОВК тргувавме со органи, побарав независна истрага. Меѓународната заедница ме информираше дека специјален суд е од суштинско значење за да се отфрлат и негираат овие наводи. Светот сега знае дека никогаш немало жолта куќа, дека не сме виновни ниту ОВК, ниту јас, ниту народот на Косово, а таа темна форма сега е отфрлена. Очекувам да бидам ослободен од сите други обвиненија и тоа ќе биде крај на овој судски процес“, рече Тачи откако неговите адвокати завршија со воведните зборови.

Тој рече дека му е жал што судот нема да може да го слушне сведочењето на Медлин Олбрајт, Ричард Холбрук и другите сојузници на НАТО и САД кои ќе сведочат во прилог на неговото тврдење за праведната борба на ОВК на Косово.

Во попладневниот дел од судењето пред судот ќе се обрати Бен Емерсон, адвокатот на Кадри Весели.

Би можело да ве интересира

На Хашим Тачи и Кадри Весељи им е продолжен притворот во Хаг

Хашко обвинителство: Тачи, Весели, Красниќи и Селими одговорни за најмалку 102 убиства

Горан Наумовски

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хаг за прв пат ги објави имињата на жртвите на Тачи

Горан Наумовски

АБЦ њуз: Рама ја почна битката за спас на Хашим Тачи, Албанија ќе носи резолуција против извештајот на Марти

Косовската опозиција бара да си оди шефицата на дипломатијата, за која Тачи и Весели се злосторници

Жарко Настоски