На црногорската плажа Јаз пронајден мртов делфин

Од:

На црногорската плажа Јаз, морето исфрли труп на делфин во стадиум на распаѓање. Рибарите кои го нашле, се сомневаат дека е убиен со експлозив.

Црногорскиот информативен портал „Вијести“, укажува на тоа, дека употребата на експлозив во риболовот, значајно се зголемува.

Овој пат, според локалните рибари, делфинот сигурно е убиен со експлозив, а тоа го потврдуваат и изгорениците на трупот.

Делфинот најверојатно е убиен на отворено море, во близина на плажата Јаз, каде експлозивот најчесто се употребува, пренесува порталот „Вијести“.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора