На Босна не ѝ треба втор Дејтон, туку ограничени уставни измени, вели Блинкен

Од:

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, испрати писмо до членовите на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, во кое се наведува дека САД сметаат дека Босна и Херцеговина треба да спроведе ограничени, но значителни уставни промени.

Тој исто така истакна дека нема да има втор Дејтон.

– САД веруваат дека треба да се фокусираме на спроведување на ограничени, но значајни уставни, изборни и економски реформи и владеење на правото, со цел да ги обезбедиме правата на сите граѓани во изборниот процес, рече Блинкен во писмото.

Тој оцени дека треба да се подобри интегритетот на судството, да се намали обемот на корупција, да се подобри економското закрепнување и да се врати довербата на граѓаните во институциите.

– Тоа е остварлива цел, која бара само политичка волја за постигнување на неопходните компромиси, наведе американскиот државен секретар.

Тој им укажа на Додик, Џаферовиќ и Комшиќ дека „нивното водство ќе биде потребно за сериозен и кредибилен процес“.

– САД ќе бидат партнер во овој напор, но лидерите во Босна и Херцеговина ќе мора напорно да работат. Ве повикувам сериозно да се вклучите во овој процес, за да им го дадете на овие прашања вниманието што го заслужуваат, истакна Блинкен.

Тој рече дека САД се „горди на улогата што ја одиграа во запирање на страшната војна во БиХ и помагањето да се обезбеди мирот што следеше“, додавајќи дека САД помогнале во постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор.

– Дејтонскиот мировен договор создаде силна основа врз која можеше да се гради БиХ, овозможувајќи и на државата да воспостави одржлив пат кон евентуалното членство во Европската унија и подлабоко партнерство со НАТО, напиша Блинкен.

Тој додаде дека од почетокот било јасно оти уставните аранжмани утврдени со Дејтонскиот договор „не биле врежани во камен“ и оти со време ќе биде потребно да се направат уставни измени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност