МСП ќе ја изрече пресудата по обвиненијата на Србија и Хрватска

Од:

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ќе ја објави денеска пресудата по заемните обвиненија на Хрватска и Србија за геноцид извршен на хрватска територија од 1991 и 1995 година.

Српскиот правен тим очекува МСП да ја одбие хрватската тужба против Србија, како и да утврди дека оружените сили на Хрватска по и за време на акцијата „Бура“ извршиле масовни злосторства врз српското население, додека правните експерти се уверени дека двете тужби ќе бидат отфрлени.

Се очекува дека судот најнапред ќе ја изрече својата одлука по повод тужбата на Хрватска против Србија, која е поднесена во 1999 година, а потоа и по повод обвиненијата на Србија против Хрватска од 2009 година.

Пресудата на МСП ќе биде конечна, бидејќи на неа не постои право на жалба, а државите ќе бидат во обврска по неа да постапуваат, пренесе Танјуг.

Без оглед какви ќе бидат одлуките на МСП по тужбите на Србија и Хрватска, тие се обврзувачки за сите членки на ОН. Доколку судот издаде налог на државата на пример во поглед на надомест на штета, тогаш државата би била должна по него да постапува.

Меѓутоа, судот во оваа фаза на постапката не носи одлука за конкретен надомест на штета, туку остава извесен период на државите околу тоа да се договорат. Што се однесува до спроведувањето на ваквата одлука, нејзиното извршување би го надгледувал СБ на ОН.

Србија од МСП побара операцијата „Бура“ која ја извршија оружените сили на Хрватска да ја прогласи за геноцид врз српското население и таа држава да ја прогласи за виновна поради кршење на Конвенцијата за спречување геноцид.

Освен тоа, со противтужбеното барање Србија предложи МСП со пресуда да ја обврзе Хрватска на репарации на Србите од Краина поради злосторствата кои ги претрпеле во текот на „Бура“.

Овој спор почна во 1999 година со поднесување на хрватската тужба до МСП против Србија, а усмената расправа е завршена во април минатата година.

Хрватска, предводена од тогашниот претседател Фрањо Туѓман на 2 јули 1999 година покрена постапка против МСП против тогашна СРЈ поради наводно кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторствата на геновид за време на оружените судири на територијата на таа Република од 1991 до 1995 година. Србија одговори со контратужба десет години подоцна.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“