Мрчела: Судијата не смее да изведува докази за вина, туку треба да ги оценува доказите

Од:

Судијата не смее по службена должност да  изведува докази за вина, бидејќи тоа е работа на обвинителот кој треба да ја докажува вината, а судијата треба да ги оценува доказите.

Ова го изјави денеска Марин Мрчела, судија на Врховен суд на Република Хрватска, кој воедно е и претседател на ГРЕКО Комитетот (Група на држави во борба против корупција) на Совет на Европа, на маргините на семинарот за „Постапување во предмети на злоупотреба на службената положба“, што се одржува во Скопје.

Пренесувајќи ги хрватските искуства поврзани со истрагата и гонењето во случаи на јавна корупција, како и за препораките на ГРЕКО Комитетот и нивното влијание врз јакнењето на антикорупциската правна рамка во Европа, Мрчела појасни дека ова решение постои во Хрватска, а е последица на англо-американските елементи.

Мрчела рече дека извештајот на ГРЕКО што се однесува на корупцијата за Република Македонија се уште не е подготвен.

– Конкретно извештај за Македонија се уште немаме, а од извештаите од деветте држави кои се прегледани може да се каже дека има различни облици на корупција, додаде тој.

Македонија, како што истакна, е дел од овој регион каде традицијата е слична.

– Не мислам дека Македонија е поголем или помал проблем отколку другите држави во овој регион. Мислам дека во сите држави од регионот, па така и во Македонија има простор за напредок и кон тоа треба да се стремите, истакна тој.

Корупцијата во судската власт, според него, е најлоша бидејќи оваа власт треба да ги штити правата на сите граѓани.

– Постои една изрека која вели дека „ако не може да се верува на судијата, тогаш кому треба да му се верува, истакна Мрчела.

Најтежок облик на корупција, како што нагласи, е оној во кој судиите примаат пари за одредена одлука.

– Постојат и други облици како на пример чување предмет во фиока или кога не се постапува онака како што треба да се постапува. Овие облици се најнепожелни во кое било судство, додаде Мрчела.

Сите судии, како што нагласи, работата треба да ја вршат законски, совесно и чесно и не смеат да подлегнат на никакви влијанија од надвор.

Македонија од Хрватска може да очекува помош во постигнувањето на меѓународните стандарди во правосудството.

– Македонија може да очекува помош од Хрватска во однос на правосудството. Јас не сум овде за да ги учам моите колеги, туку меѓусебно ќе разговараме за заедничките проблеми и како може да најдеме решение кое би било прифатливо во одредена ситуација, изјави Мрчела.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ